Како кората на пицата да биде крцкава и по повторното загревање?

Нарачавте голема пица и не изедовте сè? Остатокот, нормално, никој не го фрла, се чува за утредента и задгрева – а еве како да ја одржите кората крцкава.
Некои веруваат дека ладната пица е уште повкусна од топлата, додека други сакаат повторно да ја загреат пред да јадат.
Најлесен начин е да ја ставите во микробранова печка, но резултатот ќе ве разочара бидејќи кората ќе стане мека.
Врвните кувари истакнуваат дека тоа може да го спречите ако во микробранова печка заедно со парчето пица ставите и чаша вода 30 секунди. Тврдат дека пицата побрзо ќе се загрее, а кората ќе остане крцкава.
Исто така, овој метод не гарантира дека пицата ќе биде иста како кога сте ја нарачале од пицеријата, но резултатот секако ќе биде подобар отколку кога ќе ја загреете без вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.