Како Макрон го изненади Трамп

Новиот претседател на Франција Емануел Макрон и претседателот Доналд Трамп водеа голема борба за време на ракувањето во Брисел.Како што јавуваат западните медиуми, Макрон се погрижил медиумите да го забележат неговиот „изненадувачки цврст стисок“ за време на ракувањето со Доналд Трамп.
Двајцата лидери за прв пат се сретнаа вчера во Брисел.
Трамп е познат по тоа што при ракувањето се обидува да ја покаже својата доминантност, а неколку светски лидери и политичари беа „жртви“ на неговата цврста рака. Меѓутоа, Макрон ја покажа својата младешка сила.
Филип Рукер, новинар на Вашингтон Пост на Твитер напиша дека доколку односите се дефинираат според ракувањето, односот меѓу Трамп и Макрон ќе биде жесток.
За потсетување, погледнете ги незгодните ракувања на Трамп во кои подебелиот крај го извлекуваа неговите соговорници:
 
Како што јавуваат западните медиуми, Макрон се погрижил медиумите да го забележат неговиот „изненадувачки цврст стисок“ за време на рак

Пронајдете не на следниве мрежи: