Додека геолозите имаат различни мислења околу тоа како навистина се формираат дијамантите, се согласуваат дека се формирани од јаглерод и дека големата топлина и притисок низ милиони години се потребни за да се добие дијамант. Оваа топлина и притисок се смета дека постоеле во времето на растопени карпи пред да постои површината на Земјата односно кога вулканите имале можнист да ги креираат тие услови.
Една работа околу која сите се согласуваат, е дека дијамантите се најцврстите и една од највредните супстанции кои човекот ги познава. Не само што дијамантите се употребуваат како накит (само околу 20% од ископаните дијаманти), туку повеќето од нив се употребуваат во индустријата, за сечење на цврст метал, за иглите на снимачите, за транзистори и многу други видови опрема.
Јужна Африка произведува околу 80% од светското производство на дијаманти, потоа Русија и Јужна Америка. Дијамантските наоѓалишта во Јужна Африка се пронајдени во 1866 кога еден фармер со децата пронашол „интересно камче“ во реката, кое потоа се претворило во дијамант вреден 2500 американски долари!
Иако денес се произведуваат дијаманти (со компресија на јаглерод во екстремно високи темепратури), повеќето се употребуваат за индустриски цели, и се помали од зрно сол. Овие произведени дијаманти во големина за накит чинат многу повеќе отколку да пронајдете рудник и да ископате дијамант во иста големина.
Најголемиот дијамант пронајден е Оденскиот дијамант („Odlinan diamond“), сега дел од Британскиот кралски накит, кој имал 3106 карати кога бил ископан!Додека геолозите имаат различни мислења околу тоа како навистина се формираат дијамантите, се согласуваат дека се форм
Пронајдете не на следниве мрежи: