Како најлесно да подготвите млади компири?

Омилениот зеленчук на сите, особено на помладата популација е младиот компир, бидејќи е богат со витамините Ц и Б, калиум, манган, магнезиум, железо. Поради тоа, редовно конзумирајте го и ќе бидете здрави, а овој рецепт е брз, едноставен и токму за почетници.
Потребно е:
– 1 килограм млади компири
– 100 милилитри масло
– сол
– зачини по желба
Подготовка:
Компирите добро излупете ги, измијте ги и избришете ги да нема вода. Во тава ставете масло и добро нека загрее. Подгответе го и капакот, па полека ставете ги компирите и брзо затворете ги. Намалете го огнот на минимум за да омекнат компирите. Потоа, повторно зголемете ја температурата за добро да се испржат компирите од сите страни. Извадете ги компирите од тавата и сервирајте ги во чинија.
Подгответе зачини како на пример ловоров лист, рузмарин, суви зачини и бибер. Измешајте ги сите и нанесете ги на компирите. Затворете ги компирите и оставете да впијат од мирисот. Можете да ги сервирате со месо или неколку парчиња сирење или домати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.