Како полесно да се справиме со „пукањето на филмот“?

Понекогаш наидуваме на ситуации што прават да се чувствуваме лути и гневни до „пукање на филмот“. Сепак, има начини да се справиме со секоја таква ситуација на вознемиреност. Следат неколку совети за ослободување од лутината и стресот на дневна основа.
Здрава исхрана
Употребата и трошењето сложени јаглени хидрати, какви што има во компирот, киноата или овесот, може да го зголеми нивото на серотонин во нашиот мозок. Исто така, протеините, што ги има во рибата и пилешкото, помагаат при лачење повеќе допамин и норадреналин – хормони за подобро расположение, мотивација и концентрација.
Вежбање
Не е важно каков вид физичка активност ќе изберете, туку да ви одговара… Нешто што ќе овозможи брзо и ефикасно ослободување од лошите емоции. Според познавачи, колку и човек да под стрес, кога ќе почне да вежба, сè што ви пречи – „ќе испари“.
Запишување на чувствата
„Секогаш кога не можам да вежбам, пишувам“, открива еден корисник на Редит, со прекар „ChoiceFabulous“. А, со тоа се согласуваат и повеќе социјални истражувања.
Дишете длабоко
Длабокото дишење може да ги намали хормоните на стресот. Според истражување на клиниката „Мајо“, вежбите за дишење се корисни затоа што кога се чувствуваме лути, нашиот мозок „му кажува“ на телото дека е во криза. Забавувањето на дишењето го потсетува мозокот дека сме безбедни.
Чистење по дома
Неуредниот простор понекогаш може дополнително да го влоши расположението. Значи, за да се ублажат негативните чувства, просто, измијте ги садовите или средете го плакарот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.