Како правилно да ги подгреете сармите, а како месото?

За време на новогодишните и божиќни празници трпезата тежи од домашни и традиционални јадења. За многумина тоа значи и дека неколку дена по ред ќе се јадат сарми, подварок и месо.
Додека некои намирници како компирот, јајцата и зеленчукот не трпат подгревање, останатите остатоци од богатата свечена трпеза може повторно да ги јадете топли.
Сарми
Сармата мора да се чува во фрижидер, а кога ќе дојде време за следниот ручек се подгрева така што во посебно тенџерче или тавче ставате само онолку колку што планирате да јадете, за парчињата да не се подгреваат неколку пати.


Во тенџерчето додајте и малку вода, поклопете и оставете да се крчка на средна температура, без разлика дали во рерна или на шпорет.
Печено месо
Месото, посебно свинското, е вкусно и ладно, но ако сакате да го подгреете, прво загрејте ја рерната на 100 до 150 степени, а во тава за печење ставете малку масло. На парче дебело 2-3 см му е потребно 20-30 минути за да се згрее.
Доколку сакате да го згреете побрзо, во тава со капак ставете малку масло и на загреаната рерна месото потпржете го по минута до две од секоја страна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.