Нели би било совршено откако ќе дојдете дома од работа или од факултет, да се засладите со топло чоколадо што сами ќе си го направите?
Ако притоа имате сопствен чоко-бар, односно агол во домот кој е посветен исклучиво за подготовка на топло чоколадо во овие зимски денови, доживувањето ќе биде уште попосебно. Оваа идеја еднакво може да послужи и за зимско дружење со пријателите и семејството во вашиот дом.
Затоа, во продолжение ви носиме совети за тоа како со мал буџет да ги споите хедонизмот и омилениот зимски пијалок.
1. Одберете агол од вашиот дом во кој ќе направите сопствен чоко-бар
Пред воопшто да тргнете по набавка на состојки, прво пронајдете место во својот дом за овој чоко-бар. Тоа може да биде полица во дневната соба, плакарче во кујната или пак во вашата соба. Притоа најважно е тоа да биде место кое секогаш ќе ви биде на дофат и кое нема да мора секогаш одново да го преместувате.
2. Трнете по набавка на состојки и декорации
Време е за набавка на она најважното – самото чоколадо и сè што може да го направи вашиот агол посебен. Ако немате плакарче на кое сето ова ќе го ставите, можете да го набавите во речиси секоја продавница за многу мала сума на пари, без разлика дали станува збор за пластично, метално или дрвено плакарче.
Неизоставен дел се и шолјите од кои ќе го пиете чоколадото и, се разбира, самото чоколадо. Во маркетите можете да најдете разни мешавини на инстант-чоколади, кои можат да бидат подготвени за козумација за само неколку минути со додавање вода или млеко.
Но, доколку сепак сакате сами да го подготвите своето чоколадо од нула, тогаш набавете ги потребните намирници. На пример, за основниот рецепт потребни ви се: темно чоколадо со барем 60% какао, млеко, крем и цимет.
Доживувањето ќе биде целосно ако покрај топлото чоколадо уживате во кекси и други слатки работи, а за да ја сочувате нивната свежина, набавете стаклен или метален сад со капак. Ако сакате шарени чоколадни бомбони или пак популарните американски marshmallows, сместете ги во чоко-барот за што пошарен и попривлечен изглед.
Ако сте одлучиле својот чоко-бар да го сместите на место кое е близу до ѕид, на него додадете рамка со натпис „Чоколаден агол“ или „Чоколаден бар“.
3. Експериментирајте со состојките
Кога вашиот чоко-бар ќе биде подготвен, не се плашете да експериментирате со разни рецепти. На пример, дали би пробале топло чколадо со пеперминт, портокал, цимет, ѓумбир, со една лажичка Нутела или пак вегетаријанска верзија?
Споменатите состојки може да ги додадете во веќе готовата инстант-смеса или пак да си дадете време и да ги откриете омилениот вкус за себе