КАКО СЕ ПРАВИ ЧАЈ ОД МАГДОНОС КОЈ ГИ ТОПИ КИЛОГРАМИТЕ Пијте го само 5 дена и резултатите ќе бидат фантастични

Доколку сакате за кратко време да се ослободите од вишокот на килограми, пробајте со едноставен природен напиток, кој е здрав и ефикасен во борбата против мастите.

Потребно ви е само струкот од магдоносот (половината), лимон и чаша вода и за пет дена ќе намалите три килограми, се разбира доколку се придржувате на правилата.
Магдоносот кој е нискокалорична намирница, ситно исечкајте го, или пак најдобро ставете го во блендер, лимонот исцедете го, па се заедно прелиете со вода. Науто на празен желудник, испиете го овој сок и така повторувајте ја постапката во наредните пет дена, а потоа направете пауза 10 дена.
После тоа можете да продолжите истото темпо.
Напитокот помага за согорување на калориите, го храни телото со витамини и минерали, а магдоносот го подобрува варењето на храната и овозможува брзо да се ослободите од вишокот течности во организмот, така што ќе се чувствувате поубаво и полесно.

Интересен е фактот што оваа „тревичка“ содржи повеќе витамин Ц, од портокалот, а само 100 грама содржи дури 4.2 милиграми железо и 220 милиграми калциум.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.