Кактусовата вода е новиот еликсир за убавина

На голем број етикети од производи, можеме да забележеме една чудна состојка, а тоа е токму кактусоватa вода.
Малку е чудно да помислиме да користиме кактусова вода, но таа едноставно е преполна со хранливи материи и овозможува релаксација на кожата на лицето. Постои причина зошто кактусите успеваат да преживеат во сурови пустински услови, а тоа се големи количини на вода кои спречуваат таа да се исуши.
Зголемен е бројот на производи кои се во продажба и кои содржат кактусова вода, а откако заврши летото и дојде есента, на кожата ѝ е потребна подобра хидратација. Дерматологот, д-р Лили Талакуб, на која славни личности ѝ се пациенти, го изразила своето мислење за оваа вода:


„Кактусовата вода содржи значајно голема количина на електролити кои ја хидрираат кожата и богата е со антиоксиданси кои спречуваат оштетување од УВ зраците. Бодликавите кактуси имаат доста антиоксиданси, витамини и електролити. Тие ја штитат кожата од оштетеност од Сонцето, ја штитат од стареење и губиток на колаген. Сите типови на кожа можат да се негуваат со кактусова вода. Кожата која е склона кон акни, може да има доста корист од антибактериското масло од кактус. Сувата и дехидрирана кожа има корист од електролитите, кои се содржат во оваа вода. Луѓето со чувствителна кожа, имаат корист од смирувачкиот ефект и хранливите состојки на кактусовата вода. Кактусовата вода може и да се пие и го зајакнува телото со електролити. Таа влијае на тоа телото и кожата да бидат хидрирани.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.