четврток, 12 ноември 2026
Најново

Калас: ЕУ подготвува план Б ако Трамп ги напушти преговорите за Украина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Европската Унија подготвува план Б за тоа како да ги одржи економските санкции против Русија доколку администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги напушти мировните преговори за Украина и се приближи кон Москва, изјави денес за „Фајненшл тајмс“ високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.„Гледаме знаци дека тие размислуваат да ја напуштат Украина и не се обидуваат да постигнат договор со Русите бидејќи е тешко“, рече Калас, алудирајќи на САД.Таа додаде дека постои план Б, но дека прво мора да работат на остварување на планот АКалас, исто така, рече дека се во тек разговори со Вашингтон и други меѓународни партнери за да се обезбеди дека режимот на западни санкции против Русија останува на сила, објави Ројтерс.

Поврзани вести