Калајџиев: Судиите се ставени меѓу чеканот и наковалната

Денес зборувајќи за иднината и истрагите на СЈО универзитетскиот професор, Гордан Калајџиев  оценува дека судството треба да престане да чека одлуки од политката.
-Правниот систем е поделен. Од една страна Врховниот суд, а од друга Министерството за правда, СЈО и странските амбасади, истакна професорот Калајџиев.
Својата изјава тој ја поткрепи со тоа што потсети дека едно решение за проблемот со СЈО даде Врховниот суд, со кое не се согласува Обвинителството.
-Судството мора да пресече по право, а не по политика. Судиите се ставени меѓу чеканот и наковалната, рече Калајџиев.
Државата не може да си игра со судбината на обвинетите, посочи тој додавајќи дека може еднаш да прекине да ги гони, а потоа со нов закон да продолжи со кривичниот прогон.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.