Калинка, чудотворно овошје и лек

Калинката е листопадна овошна грмушка или мало дрво од семејството на врбиците висока од 5 до 8 м. Во Македонија калинката е особено застапена и најмногу расте во југоисточните краишта со влијание на средоземноморската клима, посебно во Валандовско, Дојранско и Гевгелиско.
Кај многу народи токму калинката се сметала за симбол на плодност и домашна среќа. Древните Египјани биле погребувани со ова овошје бидејќи верувале дека калинката симболизира надеж и нов живот. На многу стари икони се забележува како Девица Марија и бебето Исус во раката држат калинка.
Плодот на калинката претставува вистинска мала витаминска бомба на вредни биоактивни состојки кои ублажуваат многу здравствени тегоби и болести. Калинката е богат извор на витамините А, Ц, Е, Б1, Б2, Б5, селен, цинк, железо, натриум, калиум, калциум, фосфор, магнезиум, бакар и два типа соединенија на кои им се припишува антиоксидантна активност.
Бројните истражувања кои во последно време сѐ повеќе и повеќе се вршат на калинката покажуваат неверојатно добри ефекти по однос на здравјето. Тука пред се се мисли на засилување на комплетната отпорност на организмот и ги намалува штетните ефекти предизвикани од алкохол, пушење и УВ зрачење. Делува против воспалителни процеси предизвикани од вируси и бактерии и помага во зараснувањето на раните. Го забавува процесот на прогресија на Алцхајмеровата болест, го намалува крвниот притисок, го регулира холестеролот, го намалува ризикот од артериосклероза и ги ублажува депресивните состојби..
Растителните хормони на калинката помагаат во случаи на малигни заболувања на дојка, јајници, простата, бел дроб, желудник, кожа и кај леукемија – студиите покажале дека калинката ги уништува клетките на ракот оставајќи ги здравите клетки непроменети. Исто така калинката позитивно влијае на пренаталниот раст и развој на детето, употребувана од страна на мајката во текот на бременоста го штити мозокот на новороденчето од оштетување.
Бидејќи благодатите кои ова чудотворно овошје ги дава во однос на здравјето се огромни ви препорачуваме да не ја пропуштите сезоната. Токму сега е периодот кога калинките во изобилие ги има на пазарите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.