Калин Ивановски се пласира во полуфинале во двојки во Дубровник

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски заедно со Лука Микрут обезбеди полуфинале на турнирот во Дубровник, откако беа подобри со 2-0 од Кристијан Тумбас Кајго и Марко Баничевиќ.

Ивановски и Микрут во првиот сет им дозволија на противниците да освојат само два гема (6-2), по што Тумбас Кајго и Баничевиќ дадоа поголем отпор во вториот сет, но и покрај тоа македонскиот тенисер и неговиот колега ги надиграа со 6-4.

Македонскиот тенисер претходно настапи и во сингл-конкуренција во Дубровник, но загуби во второто коло од 35-годишниот Алдин Шеткиќ со 0-2 во сетови, односно 6-7 и 2-6.

Пронајдете не на следниве мрежи: