Македонската дива Калиопи вечерва настапува во Домот на млади во Сараево, каде што ја воодушеви публиката со енергичен настап.
Препознатлива по својот раскошен вокал, Калиопи вечерва во Сараево ги изведе своите најголеми хитови.
- АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД СЕДУМТЕ УСЛОВИ НА ИРАН – ТАЈНА ПОСЕТА НА ИРАЧКИОТ ПРЕМИЕР ВО ТЕХЕРАН
- Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе ужива во својот најубав поглед
- Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот од Абу Даби би можел да отвори нова дипломатска врата за Украина
- Сметката на компанијата на Јелена Карлеуша блокирана поради долг од околу 7000 евра
- Ова се 10 знаци кои покажуваат дека сте целосно будни
- Појадок кој го закрепнува целото тело: Се јаде 3 пати неделно, ги исфрла наталожените токсини и ги топи масните наслаги
- Јаревски: Алта банка е ликвидна и има интерес за нејзино купување
- Скандалот со Јенсен Хуанг ја потопи Nvidia: Целиот раст од оваа година е избришан за два дена, инвеститорите бегаат без оглед на тоа
- ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО СМЕНИ ЏЕНСЕН ХУАНГ – СКАНДАЛОТ СО ОСОМНИЧЕНА КИНЕСКА ШПИОНКА ГО ТРЕСЕ ТЕХНОЛОШКИОТ ГИГАНТ
На музичката дива на сцената и се придружи Жељко Самарџиќ кој со неа ја изведе дуетската песна „Знам“.
Она што особено ги воодушеви присутните е нејзината неверојатна енергија, а пејачката во еден момент воодушевено се спушти меѓу присутните и ги прегрна и со задоволство направи селфи фотографии. Покрај аплаузи и овации, Калиопи доби и цвеќе од публиката.
„Ми недостига Сараево штом знам дека морам да го напуштам… Токму затоа секое враќање во овој град е дар на живот. Сараевската публика не ја доживувам како барана, туку реална. Тоа е публика која има вграден став кон тоа што сака, а што не. Нека се радуваат слободно, затоа што ќе имаме празнична атмосфера! Им подготвувам концерт 10 животи“, изјави пејачката во интервју за Klix.ba. најавувајќи го концертот.
Покрај добрата музика, Калиопи за сараевчани подготви и специјална изложба „Дона“ на сараевската уметница Алма Коњичанин, која ќе можат да ја погледнат за време на концертот и да создадат добро дело.
Имено, изложбата е на продажба, а на иницијатива на Алма Коњичанин и Калиопи, целиот приход од вечерашната продажба на сликите ќе биде дониран на здружение кое ги обединува жените болни од рак.
Инспирација за секоја од 17-те слики се песните на Калиопа, а секоја слика претставува по една песна.






