четврток, 12 ноември 2026
Најново

Калифорнија издвојува 50 милиони долари за да се заштити од политиката на Трамп

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом потпишал закони врз основа на кои се издвоени 50 милиони долари за да се заштити оваа американска држава и мигрантите на кои им се заканува депортација поради политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат денеска американските медиуми.

Врз основа на еден од тие закони, 25 милиони долари беа издвоени за Министерството за правда на Калифорнија за да се справи со правните постапки против федералната влада, додека друг издвои уште 25 милиони долари за правна помош за мигрантите кои се соочуваат со депортација, објави Си-Ен-Ен.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

-На жителите на Калифорнија им се заканува администрација надвор од контрола, која не се грижи за Уставот и мисли дека нејзината моќ нема ограничувања –  рече претседателот на државниот парламент, демократот Роберт Ривас, додавајќи дека затоа донеле мерки за доделување средства за одбрана на своето население од непосредна закана.

Републиканските пратеници ја критикуваа распределбата на овие средства, тврдејќи дека фокусот на Трамп го одвлекува вниманието од потребата да се обноват областите уништени од шумските пожари во Лос Анџелес.

Њусом минатиот месец потпиша закон за помош од 2,5 милијарди долари за областите со шумски пожари, а неговата администрација рече дека очекува федералната влада да ги надомести.

За време на првиот мандат на Трамп, Калифорнија исто така ја тужеше неговата администрација повеќе од 120 пати во врска со различни прашања, потрошени вкупно околу 42 милиони долари.

Поврзани вести