Камала Харис најави нова помош за Украина во висина од 1,5 милијарди долари

Потпретседателката на САД, Камала Харис денеска најави нова помош за Украина во висина од 1,5 милијарди долари.

Харис, која е меѓу учесниците на дводневната мировна конференција во швајцарското одморалиште Бургеншток, истакна дека 500 милиони долари се наменети за енергетскиот сектор на Украина.

Помошта е наменета и за хуманитарни цели.

Украина меѓувреме очекува да ги добие првите ловци ф-16 за кои објави и план како ќе делуваат.

Според него дел ќе бидат во земјата, а еден дел ќе полетуваат од странски аеродроми со цел да не бидат мета на руски напади.

Пронајдете не на следниве мрежи: