ПИШУВА АНА ГЛИГОРОВА (ФЕЈСБУК СТАТУС ПРЕНЕСЕН ВО ЦЕЛОСТ)
КАМАТИ И ЗАСТАРУВАЊЕ, НОВИ ПРЕДЛОЗИ, СТАРИ БАРАЊА, ИСТИ КРИМОСИ
Поминаа 17 години од моментот кога со закон, легално, се појавија франкенштајн – наплатувачи на долгови, извршители. “Олеснувачите на наплатата”на долговите станаа милионери преку ноќ, во дил со банките, големите претпријатија, дел од нотарите и секако, корумпираните судии. Овој невиден криминал во кој се наплаќаше, и се уште се наплаќа од 1000 денари основен долг не ретко по десет пати повеќе, поради криминалната спрега која владее со Македонија од нејзиното осамостојување, на малобројната елита банкари, тајкуни кои грабнаа народно благо без капка зној, но со криминогеност до небо, ја направија монструзната приватизација и продолжија со криминалната наплата. Антидатирање, фалсификати, злоупотреба на службена положба, неуредна достава, пренаплатување, злосторничко здружување со доверителите, блокирање на трансакциски сметки на сиромашни луѓе, лихварење, рекет и сето тоа под превезот – легално, по закон. И тие шугави закони, штимани во некоја петпарачка канцеларија не се почитуваа, се кршеше и се крши Уставот во своите начела. Во и така сиромашната Македонија создадоа должничко ропство, робови- стотици илјади луѓе и робовладетели – малубројната елита, изнедрена од транзицијата и од криминогениот правосуден систем, по непотистичка линија како оригинална ” македонска Коза Ностра”, наша мафија во наплатата. Поткупените новинари, неписменоста на голем дел од луѓево која прогресира со време, посебно околу непознавањето на граѓанските права, работничките права, социјалните права, економијата, правото и основната математика. Некои беа и се освестени, писмени и храбри, па пуштаа кривични пријави за извршителите до ОЈО, но не се процесуираа, останаа во фиока. Во 2018 година, ние неколку граѓански активисти успеваме со протести, јавни настапи, притисок, разговори да влијаеме да се промени висината на тариифата која ја земаат извршителите и нотарите. Иако таа драстично се намали, еден дел од нив продолжија, низ пукнатините на системот на неказнивост за крупните риби, да продолжат со грабежот. Почнаа да продаваат долгови, да наплаќаат прастари побарувања, одамна застарени, да се договарат со ајкулите од бизнисот, интерно во четири очи да бидат лични џелати. СДСМ која ветуваше укинување на должничкото ропство, не го укина, продолжи по патот на претходната власт, да подржува нешто кое никој во светов не би го поддржал – наплаќање на основен долг од 2000 денари на 20 000 ден., од 1000 евра на 10 000 евра.
Постојано викавме, баравме, протсетиравме за ревизија на работата на извршителите и целата наплата, каматата која растеше со годините, украдените пари кои ги штимаа во канцеларија и им се земаа на луѓето од џеб. Најсиромашните дадоа данок во крв. Кога некој ќе ми каже дека тоа се должници, плус виртуелни или е нивен или е неупатен или е психопат. Кога физичкото лице е ограбено, тоа е очајно, заминува од државава, ги испраќа децата со горчина во душата во странство да работат за туѓи бели дворови за да родителите платат арач на мафијата.
Сега, 2023 година, неполна година пред избори, предлагаат измена во Законот за облигациони односи, за висината на казнената камата и за застарувањето на побарувања, кое би било пет години. Во ред се овие обарања, се измотаваа со мене, се зезаа тајкунските платеници (од сите владеачки партии) кога ова го барав пред една, пет, десет години, затоа сум скептична, и по стапувањето во сила на овие новитети дека некои ајкули од криминалмната елита ќе се откажат од екстра профитот во наплатата. Сигурна сум дека борбата е потемелна, треба санкции за сите кои крадеа од сметки и кои потполно свесно го туранаа народот во должничко ропство.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.