четврток, 12 ноември 2026
Најново

Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница влегол во Македонија на ГП „Блаце“ и бил празен

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница во која животот го загубија четири луѓе влегло на граничниот премин „Блаце“, било празно и во царинската постапка нема никакви нерегуларности, рече Бобан Николовски, директор на Македонска Царина.

„Сето она што е поврзано како царинска постапка за товарното моторно возило и возачот ги исполнувал сите услови кои се потребни во царинска постапка за да помине на тој граничен премин. Подоцна тоа што се случило е случај кој треба да го разгледуваат други државни институции“, рече Николовски.

Првенецот на Националната опера и балет, баритонот Ристе Велков,, неговиот 20-годишен син Адам и две дваесетгодишни момчиња – Марко Ѓорѓиевски и Петар Миланов, другари на Адам, се загинатите во оваа трагична сообраќајна несреќа.

Поврзани вести