четврток, 12 ноември 2026
Најново

Кампања за промена на името на Хигсовиот бозон

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Еден од научниците кои помогнале во развојот на теоријата за постоењето на Хигсовиот бозон, таканаречената Божја честичка, тврди дека таа би требало да биде преименувана.

Американскиот физичар Карл Хаген изјави за Би-Би-Си дека со името на честичката би требало да им се оддаде признание на сите кои учествувале во нејзиното откривање, а не само на британскиот физичар Питер Хигс.
Дебатата за промена на називот не е нова, но повторно се активираше по појавата на шпекулациите дека со овогодишната Нобелова награда за физика ќе биде оддадено признание на Хигсовата теорија.
Научниците во истражувачкиот центар ЦЕРН во Швајцарија открија нова субатомска честичка која би можела да биде Хигсов бозон во јуни минатата година.
Професорот Хаген за Би-Би-Си рече дека отсекогаш мислел дека името на честичката не е соодветно.
„Питер Хигс секогаш имаше статус како рок ѕвезда, а нас останатите одвај не признаваа”, вели Хаген.
„Да издвоиш само еден, значи да ги маргинализираш останатите кои учествувале во тоа. Иако не ја започнав оваа кампања, ја поддржувам”, рече Хаген.
Питер Хигс разви епохална теорија за тоа како субатомските честички развиле маса и го објави својот труд во 1964 година. Но, и други научници независно од него дошле до слични идеи и теории и долго бараа промена на името на честичката. Хигс го поддржа ваквото барање.
Макфакс
Еден од научниците кои помогнале во развојот на теоријата за постоењето на Хигсовиот бозон, та

Поврзани вести