КАМЧЕВ ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР, АПЕЛАЦИЈА ГО ОСЛОБОДИ СО ГАРАНЦИЈА ОД 11 МИЛИОНИ ЕВРА

Бизнисменот Јордан Камчев, обвинет во случајот „Плацеви на Водно“, излегува од притвор откако Апелациониот суд Скопје денеска ја прифати неговата жалба, со гаранција од 11 милиони евра во имот и кеш.
Камчев од 30 декември е на лекување во приватната болница „Аџибадем Систина“, откако во затворот во Шутка се пожалил на силни и континуирани болки во стомакот.
Камчев е во притвор од март 2021, кога беше приведен под сомнеж дека планира бегство. Со денешната одлука на Скопска апелација, тој ќе биде без пасош, и со обврска еднаш неделно да се јавува во судот.
На 29 декември 2021, Апелациониот суд го ослободи од притвор Сашо Мијалков, исто така, обвинет во „Плацеви на Водно“. И неговата гаранција беше 11 милиони евра, во недвижен и движен имот.

Пронајдете не на следниве мрежи: