Камчев сaм се пријавил во затворот во Струга да ја одлежи казната од 1 година

Орце Камчев синоќа со лична карта сам се пријавил во затворот во Струга каде треба да ја издржува затворската казна за случајот ‘Империја’, откако се спогоди со обвинителството, плати околу 5 милиони евра затаен данок и доби една година затвор.

Орце Камчев само ќе преспива во затворот. Денски ќе биде слободен…

Претходно тој успеа да го одложи издржувањето на казната со правнички акробации. Дури и го смени местото на живеење за да одлежи во Струга. Повеќе осуденици досега го направија истото користејќи ја правната дупка.

Камчев на 1 јули се појавил во затворот каде треба да биде во отвореното одделение, односно само да преспива во затворот. Таму е и другиот осуден за овој случај, бизнисменот Ненад Јосифовиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.