Канје Вест одлучи повторно да се ожени со својата сопруга Бјанка Ценсори. Тој, наводно, планира спектакуларно, неконвенционално обновување на свадбата со неа за да докаже дека нивната љубов е непоколеблива – и да го привлече вниманието кон себе во вистински стил на Канје. Упатените открија дека раперот планира да направи сè што е потребно за да ги демантира гласините за Бјанка која наводно размислува да го напушти нивниот брак.„Не се работи само за нивната љубовна приказна”, сподели извор близок до парот. „Кание сака светот да знае дека нивната врска е цврста, и тој не се оддалечува од факторот изненадување за да го докаже тоа“.Во вистински стил на Канје, планираната церемонија е сè само не традиционална. А изворите тврдат дека Канје замислува дека тој и Бјанка ќе се шетаат по патеката во облека кои се толку провокативни што ќе бидат „едвај присутни“ – ќе одат до олтарот речиси голи.Што мисли Ким за сето ова?Бјанка, позната по своите смели модни избори под менторство на Канје, се чини дека е идеален погодок за овој провокативен план, за кој упатените тврдат дека треба да се случи во новокупената палата на Канје во Беверли Хилс, вредна 55 милиони долари.„Кание зборува за доведување на најпознатите гости од целиот свет“, открил изворот. Сепак, има едно значајно име кое нема да биде на списокот за покани – неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан.Ким, која јавно го критикуваше Канје за јавно промовирање на неговата сопруга во провокативни комбинации, наводно ,,повлече линија.” „Таа е згрозена од начинот на кој Канје ја покажува Бјанка и не сака нејзините деца да бидат изложени на тоа“, открил изворот. Ким дури навести дека би можела да ги ограничи своите права за посета ако Канје продолжи по овој пат.Канје и Бјанка продолжуваат да го привлекуваат целото внимание.Ова не е првпат Канје и Бјанка да привлечат внимание со своите неконвенционални постапки. Пред околу неколку недели, парот беше виден како ужива во Мекдоналдс во Јапонија, облечени во несоодветни комбинации – Канје во зелено палто и бели панталони, додека Бјанка беше во речиси невидлива спортска опрема што предизвика многу коментари бидејќи сето тоа се случи во студениот ноември. Дали речиси голата венчавка на Канје ќе го поправи нивниот брак или ќе предизвика дополнителни контроверзии, едно е сигурно: овој спектакл сите ќе го следат внимателно.Да потсетиме, Ким од 2014 до 2022 година беше во брак со Канје Вест, кој се ожени за Бјанка Сенсори во декември 2022 година.
Пронајдете не на следниве мрежи: