Дефанзивецот на Ливерпул, Џејми Карагер, објави дека по завршувањето на сезоната ќе стави крај на професионалната кариера.
Поранешниот англиски репрезентативец, од дебито за Ливерпул во 1997 година до денес, за екипата од Енфилд има одиграно 723 натпревари. Карагер има уште пет месеци од актуелниот договор со Ливерпул, а по мечот на ’црвените’ со Манчестер Сити, медиумите на Островото водеа полемика дали тој ќе потпише нов едногодишен договор со клубот. Преку соопштение на клупската интернет страница 35-годишниот дефанзивец реши да стави крај на шпекулациите, објавувајќи дека на крајот од сезоната ќе замине во пензија. „Ми преставува чест и привелегија што бев во клубот толку долго, многу сум горд поради тоа. Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката која ја добивав. Нема да ја коментирам својата одлука до завршувањето на сезоната“, стои во соопштението на Карагер.
Makфакс
Дефанзивецот на Ливерпул, Џејми Карагер, објави дека по завршувањето на сезоната ќе стави крај на професионалната кариера.