Красимир Каракачанов, лидер на ВМРО и вицепремиер на Бугарија, ја критикуваше меѓусекторската комисија која треба да ги расчисти историските и образовните прашања меѓу Македонија и Бугарија.
Како што пренесува бугарски „Дневник“ според Каракачанов македонските политичари сугерирале комисијата да се обедини околу одлуката дека Гоце Делчев е деец на македонското ослободително дело, кој бил почитуван и од народот на Бугарија.
Каракачанов вели дека како датум за заедничка прослава се предлага 7 октомври, денот кога коските на Гоце Делчев биле предадени од страна на комунистичките власти во Софија на Скопје. Двајцата копретседатели на комисијата, проф. Драги Георгиев и проф. Ангел Димитров, на 7 јуни објавија дека има „одредени места” во историјата на Гоце Делчев, за кои се согласуваат, но и такви за кои не се согласуваат. Темата ќе се дискутира во септември на состанокот на комисијата кој ќе се одржи во Софија.
Каракачанов со критики за меѓусекторската комисија за Гоце Делчев






