Возач на мопед од Скопје е тешко повреден откако се судрил со „пежо“, но удрил и во две паркирани возила на една скопска раскрсница.
Како што информираа од полицијата вчера во 13.02 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Никола Тесла“ и ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале мопед „веспа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(48) и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(45) двајцата од Скопје, а мопедот удрил и во две паркирани возила.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.