Карамелизирано бело месо во слатко-кисел сос од пиво

Ова е еден од најубавите рецепти за бело месо бидејќи се крчка во вкусен сос од интересни состојки.

Белото месо е преполно со протеини и содржи навистина мал процент на масти, па затоа важи за едно од најздравите. Доста е лесно за подготовка бидејќи може да се пржи, пече, вари, похува… сите гурмани кои сакаат да експериментираат со храната треба да го пробаат овој совршен рецепт. Сѐ што е потребно да направите е да го испржите месото со крупно сечкан кромид, а потоа да додадете слатко-кисел сос од пиво. Потоа, нормално, да уживате.

Потребни состојки:
3 пилешки стека
100 гр брашно
1 кромид
3 чешниња лук
40 гр путер
сол
бибер
за сосот:
50 гр сенф
1 лажица соја сос
90 гр мед
½ чаша пиво

Подготовка:
Стековите засечете ги во облик на дијамант (попречно и надолж), па посолете и побиберете. Валкајте го секое парче стек во брашно, па испржете ги од двете страни. Извадете ги од тавчето, таму ставете путер кој кога ќе се стопи додадете му ги крупно сечканиот кромид и толчениот лук. Пржете додека не омекнат, а потоа вратете го месото. Во сад измешајте сенф, пиво, мед и соја сос, па прелијте преку месото. Поклопете и оставете да се крчка 20 минути. Потоа послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.