четврток, 12 ноември 2026
Најново

Караџоски: Прославувањето мора да биде одговорно, без поголеми групирања

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџоски вели дека не може да се забранaт прослави, но оти прославувањето мора да биде одговорно, без поголеми групирања и со луѓе кои во изминатиот период ги почитувале мерките.
– Патувањата не се лимитирани. Прославата на Нова година доколку е одговорна, може да се направи во било кој дел на државата. Повторувам, доколку е одговорно прославувањето, со почитување на мерките и во домашни услови со луѓе кои ги познавате и луѓе кои со сигурност ги почитувале мерките за носење маска и држење на дистанца во периодот пред прославата. Не е добро да се групираат луѓе. Всушност и целта на овие мерки е да се избегне групирање на поголема група на луѓе, истакна Караџоски на денешната прес-конференција во Владата.
Одговарајќи на новинарско прашање, Караџовски рече дека актуелната состојба со вирусот во моментот е стабилна, но со широко распространета инфекција насекаде во државата.
– Не е во ред оваа моментално подобрена состојба со намалување на 11,4 посто од вкупиот број на позитивни лица во последните 15 дена, да ја расипеме, нагласи тој.

Поврзани вести