Кардашијан и Вест конечно ќе го кажат судбоносното „да“

Ким Кардашијан и Кање Вест наводно планираат да дадат завети.
Ѕвездата на реално шоу и раперот, кои го очекуваат своето прво дете, не можат се уште да одат до крај и да се венчаат, бидејќи разводот помеѓу Ким и нејзиниот поранешен сопруг Крис Хамфри не е финализиран, така што одлучиле да одржат церемонија на која ќе ги објават своите завети и ќе ги разменат венчалните прстени.
Еден од пријателите на парот изјавил: „Кање е многу традиционален. Сака да се венча со Ким сега кога двајцата очекуваат бебе. Но, со нефинализираниот развод на Ким, нема нешто многу, што тој може да направи. Нема да биде официјално како венчавка, бидејќи тој сака тоа да биде специјално кога ќе дојде време. Тие ќе ги разменат прстените, само нема да ги носат на своите прсти“.
Церемонијата ќе се одржи во вила во Малибу, а двајцата веќе го планираат уредувањето на својот дом во Бел Ер.Ким Кардашијан и Кање Вест наводно планираат да дадат завети.

Пронајдете не на следниве мрежи: