Карираниот капут е безвременско парче

Иако понекогаш зборот “класика” во модната индустрија со себе ја влече титулата на веќе видени парчиња, нејзината најголема предност е во сестраноста, што значи дека, иако безвременските парчиња ќе се носат со години, тие од сезона во сезона можат да имаат сосема нов изглед со само пар детали како што се шалот, ременот или брошевите.
Еден од таквите артикли е токму карираниот капут кој се разликува по нијансите во кои доаѓа, како и големините на карираниот принт кој го краси.
Со тоа, изборот на дамите кои сакаат парчиња кои не се истакнуваат од масата ќе бидат моделите во кафеави и костенливи тонови, додека моделите во разни бои се идеални за сите оние кои сакаат да имаат “стејтмент” модел.
Неструкираните модели на копчање, кратките капути, капутите со појас и другите модели можете да ги стилизирате со одела, фармерки како и миди здолништа, но и сите други парчиња кои се кријат во вашиот ормар. Со оглед на тоа дека ваквиот капут има важна улога во секојдневните изданија, издвојуваме 18 предлози кои сигурно ќе ве инспирираат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.