Карлеуша по 20 години прозборе за скандалот на Беовизија! Еве што се случувало зад сцената: Таа го имала своето прво искуство со овој порок

Со години се зборува дека Јелена Карлеуша ќе биде вистинскиот кандидат за претставување на Србија на Евровизија и дека тоа ќе биде спектакл за паметење. Да потсетиме, таа само еднаш учествуваше во српскиот националниот избор во 2004 година, кога го зазеде 11-тото место.Пред Беовизија, Јелена со песната „Моли ме“ важеше за една од омилените на публиката и медиумите, а на крајот само еден од осумте членови на жирито ѝ додели поени.Карлеуша неодамна се осврна на Беовизија во емисијата „Divan Show“ на и откри дека токму тогаш за првпат пробала алкохол.– На Беовизија добив нула поени од сите членови на жирито. Претпоставувам дека тој настап од пред 20 години не беше атрактивен и „ваау“. Веројатно имаше многу подобри, па решија де немам гласови. Тогаш решив дека повеќе нема да се натпреварувам, бидејќи сите имаа повеќе бодови од мене. Беше во најмала рака нелогично и нефер. Тогаш пробав вотка за првпат во животот – почна ЈК, па продолжи:– Се сеќавам дека бев толку разочарана и потресена што отидов зад сцената откако го слушав гласањето. Бев во соблекувалната, Марина Туцаковиќ и нејзината пријателка донесоа шише вотка да се напиеме, бидејќи сакаа малку да се забавуваат. Ја видов таа вотка, ја истурив во пластична чаша и ја испив. По пет минути ми беше многу лошо. Тоа беше првпат да пробам алкохол. После тоа, имаше многу неправди во мојот живот, но никогаш повеќе не пробав алкохол.

Пронајдете не на следниве мрежи: