Карлеуша: Северина е добра, но не подобра од мене

Иако тоа речиси никој не го очекуваше, Јелена Карлеуша го посети концертот на Северина, одржан во саботата во Комбанк арена.
Пејачката се изненади зошто нејзиното појавување во Арена предизвикало голема врева, а потоа ја пофали својата колешка.

„Жената се труди и се бори, а јас го ценам тоа. Концертот беше како театарска представа и тој пристап одлично се усогласува со нејзината кул музика. Сосема сме различни и не треба да се прават било какви споредби, бидејќи тоа е невозможно“, вели Карлеуша и додава дека сепак никој не е дораснат за нејзиниот концерт што беше одржан пред три години во Арена.

„Кога станува збор за концерти, во огледало ја гледам својата најголема конкуренција, бидејќи она што беше направено за шоуто All About Diva во Арена пред 3 години, никој до сега не успеа да го надмине“.
Карлеуша покасно на својот Твитер профил напиша дека публиката може многу повеќе да очекува на нејзиниот концерт Viva La Diva  во Ушче кој ќе биде одржан 15 јуни.Иако тоа речиси никој не го очекуваше, Јелена Карлеуша го посети концертот на Северина, одржан во саботата во Комбанк

Пронајдете не на следниве мрежи: