Нов случај на врсничко насилство денеска бил пријавен во полициска станица во кој поттикнувач бил поттикнувач бил наставникот во училиштето.
-На (23.05.2023) во Полициската станица Карпош, 44-годишна жена од Скопје пријавила дека на 19.05.2023 на час во основно училиште на подрачје на општина Карпош, по претходно недоразбирање помеѓу нејзиниот малолетен син и негов соученик, наставникот го поттикнувал другиот малолетник физички да го нападне нејзиното дете, информира МВР.
Како што соопшти МВР, малолетникот на 19.05.2023 во училишниот двор го турнал нејзиниот син, по што настанот е пријавен кај училишниот психолог. Истиот малолетник, според пријавителката, подолг период ги малтретирал и нејзините други два сина кои учеле со него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.