Уделот на безготовинските плаќања во Русија ќе надмине 90 проценти на крајот од оваа година или на почетокот на 2027 година, изјави денес директорката на Одделот за Национален платен систем на Банката на Русија, Ала Бакина.
Според неа, Банката на Русија не гледа зголемување на побарувачката за готовина, пренесува ТАСС.
Уделот на безготовинските плаќања во малопродажниот сообраќај во Русија се зголеми во првиот квартал од 2026 година за 0,9 проценти на вкупно 88,9 проценти, според најновите податоци од регулаторот.
Руските граѓани сè повеќе користат QR кодови, биометриски плаќања и мобилни паричници, додека класичните платежни картички постепено го губат својот удел, но сè уште се доминантна форма на безготовинско плаќање, објави претходно Банката на Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека Русија била и останува неразделен дел од глобалниот економски систем и нагласи дека Москва е подготвена за меѓународна соработка.
„Отворени сме за конструктивна соработка со сите партнери кои ги делат принципите на меѓусебно почитување и се подготвени да градат чесни и долгорочни односи“, рече Путин во пораката до учесниците, организаторите и гостите на 29-от Меѓународен економски форум во Санкт Петербург, објавија медиумите.
The post Картичките одат во историјата? Русите масовно преминуваат на други видови плаќања appeared first on Во Центар.



