Касами пречекан во училиште во Гајре без ниту едно македонско знаме – Ќе реагира ли Јаневска?

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска во село Гајре го одбележуваше Денот на учителот, но без ниту едно македонско знаме.

– Посветени сме на подобрување на условите за учење во сите училишта! Наставата во село Гајре од денеска ќе се одвива во една смена, уште еден позитивен чекор за развој на образованието и обезбедување подобри можности за учениците. Ова е чекор напред за да се обезбеди подобра иднина за идните генерации.

Среќен 7-ми Март, Денот на учителот! Вие сте надеж и инспирација за сите нас! – напиша Касами на Фејсбук, а сподели и фотографии од настанот на кои никаде не се гледа македонско знаме.

Ова не е првпат во Тетово да не се испочитува Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, кој вели дека етничките заедници можат да го истакнуваат своето знаме на настани и празници, меѓутоа само во придружба на македонското знаме кое е државно знаме и тоа во големина 3:1.

Пронајдете не на следниве мрежи: