Вчера, на покачен шеќер 9, после приемот во битолската болница на шестгодишната Јана ѝ дале гликоза во инфузија, па шеќерот во крвта се покачил на 19 единици. Вака за „Зелена берза“ сведочи таткото на девојчето кое вчера по примена инфузија почна во битолската болница, Стојче Христовски од село Кравари.
Стојче вели дека немало ни температура тука само била омалаксана бидејќи дома повратила.
Пред три дена девојчето крена температура 37,7 и дадовме сируп му спадна и вечерта немаше ништо. Но ,исто како пред Нова година што му потекоа капаците од очите и солзење така и завчера и потекоа капаците. Вчера сабајлето ја однесовме на болница оти вечерта ѝ се слоши и поврати шлајм. Пред да одиме на лекар ја болеа мускулите и за да не се мачи отидовме на болница. При првиот преглед на крвта шеќерот ѝ беше 9, и кажавме на докторката дека е дехидрирана дури и не можеа ни крв да и земат.
По овој резултат докторката ѝ даде инфузија со гликоза, а на сопругата ѝ кажа дека шеќерот е покачен заради повраќањето. Почнаа да ни прават анализи на крвта, ни кажаа да седиме додека резултатите не бидат готови, кај 12 часот. После првата инфузија шеќерот во крвта се покачи на 19 единици. Ќе и ставаа втора инфузија но не успееја чупето почна да се губи, сведочи таткото Стојче Христовски.
По ова состојба веќе бил вклучен „црвениот аларм“ кај лекарите од Педијатрија па повикале и други лекари анестезиолози на помош, а се консултирале и по телефон со други лекари како да постапат.
Повеќе тука
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.