“Катимерини“: Грција нема да ја блокира Македонија во ЕУ, но ќе очекува отстапки

Весникот “Катимерини“, пренесувајќи ставови на грчки аналитичари, пишува дека Грција нема да ги блокира амбициите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, но ќе очекува одредени отстапки за возврат. Извори во Кабинетот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за весникот изјавиле дека Грција “нема никому да каже НЕ, но дека ќе постави свои услови“.
Весникот потсетува дека Европската комисија препорача одредување датум за почеток на преговорите за членство на двете земји во ЕУ и дека сега останува Советот на Унијата во октомври да ја донесе конечната одлука за ова прашање
Аналитичарите оценуваат дека ваквиот став значи дека Атина ќе бара од Скопје стриктно почитување на Преспанскиот договор, а во исто време ќе врши притисок врз Берлин да ги прифати грчките барања за намалување на примарните цели на буџетскиот суфицит, пишува “Катимерини“./МИА

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.