Кафелников: Ѓоковиќ беше исфрлен фер, намерно ја удри судијката

Поранешниот светски рекет број 1, Русинот Евгениј Кафелников смета дека Новак Ѓоковиќ бил третиран „апсолутно фер“ од судиите на САД опен откако беше исфрлен од турнирот во неделата по удирањето со топче на линиската судијка.
Иако фановите на Србинот почнаа дури со закани кон линиската судијка, сметајќи дека казната е престрога бидејќи тој не ја удрил многу силно, Кафелников вели дека Ѓоковиќ не смее да се бунтува.
-Мислам дека воопшто не размисли за последиците. Го удри топчето кон ѕидот за да биде гласно. Полусилен удар од Ѓоковиќ може да нокаутира човек, посебно жена. Не знам што се случуваше со него во мечот, но сите снимки покажуваат дека тој намерно го удри топчето кон судиите. Не го врати топчето кон момчињата што ги собираат со половина сила. Исфрлањето беше апсолутно фер. Можеби сакаше топчето да удри во ѕидот за да направи бучава, за да сфатат дека е исфрустриран, вели Кафелников.
Тој вели дека не може да се споредува ситуацијата со Серена Вилијамс, која славно ги загуби нервите во финалето против Ким Клајстерс заканувајќи се на судијата на столче.
-Тогаш немаше контакт, туку само вербални навреди. Тоа беше непристојно од Серена, но немаше физички контакт, вели Кафелников.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.