Кафето може да ви помогне да живеете подолго

Пиењето кафе има многу придобивки. Добро е за црниот дроб, пред сè, а едно најово истражување сега покажа дека исто така може да ви го продолжи животот.
Истражувачите од универзитетот Чунг-Анг во Јужна Кореја, во соработка со тамошниот Центар за контрола и превенција на болести, спроведоа ново истражување кое беше објавено во најновиот број на списанието Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics.
Конкретно ја анализираа нивната популација, а целта на студијата беше подобро да се разбере врската помеѓу потрошувачката на кафе, неговите здравствени придобивки и влијанието врз смртноста кај луѓето.
Во студијата учествувале 110.920 лица постари од 40 години на кои не им е дијагностициран дијабетес, карцином или кардиоваскуларни заболувања. Истражувачите следеле колку кофеин консумираат дневно испитаниците, како и нивната стапка на смртност во текот на нешто повеќе од 9 години.
Резултатите од студијата сугерираат дека ризикот од рана смрт паднал за 21 процент кај учесниците кои пиеле повеќе од три шолји кафе на ден. „Кафето е значително поврзано со намалување на инциденцата на кардиоваскуларни болести. Една шолја дневно е поврзана со 42 проценти намалување на смртните случаи поврзани со срцеви заболувања“, заклучува студијата.
Истражувачите додадоа дека истите придобивки доаѓаат и со инстант кафето, дури и ако го пиете со млеко и шеќер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.