Кафето секогаш после, а не пред појадокот – зошто?

Многу од луѓето денот го започнуваат со кафе, но грешката којашто речиси сите ја правиме е тоа што кафето никако не треба да го пиете на празен стомак.
Истражување од Универзитетот во Батх открило дека пиењето кафе пред појадокот би можело да ја наруши вашата контрола на нивото на шеќер во крвта.
Професор Џејмс Бетс вели дека поголем дел од луѓето кога ќе се разбудат веднаш пијат кафе.
„Контролата на шеќерот во крвта е намалена доколку првата работа со која нашиот организам доаѓа во контакт е – кафето“.
Во студијата истражувачите вклучиле 29 здрави мажи и жени да поминат три различни експерименти


Во едниот експеримент учесниците имале нормален ноќен сон и барано било од нив да консумираат сладок пијалак кога ќе се разбудат.
Во вториот дел учесниците имале нарушен ноќен сон и пиеле исто така пијалак со шеќер кога ќе се разбудат.
Во третиот учесниците имале нарушен ноќен сон, но добиле јако црно кафе 30 минути пред консумирањето на слаткиот пијалак.
Во секој тест примероците од крвта биле земени по консумирањето на шеќерниот пијалак. Резултатите откриле дека една ноќ на нарушен сон не ги влошила реакциите на глукозата во крвта кај учесниците во текот на појадокот, во споредба со нормалниот сон.
Меѓутоа, потврдено било дека црното кафе консумирано пред појадокот значајно ја зголемило глукозата во крвта за околу 50 отсто

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.