Љубители сте на кафе и здрави оброци? Ако сте една од оние личности кои секогаш доцнат и утрата не им се омилен дел од денот, во својата рутина вклучете го ова идеално смуди со кафе. Ќе ве разбуди, можете да го пиете и во одење, а и ќе ве засити. Количината е доволна за две големи сервирања, а ќе ви бидат потребни добар блендер и две минути.
Потребни состојки:
250 милилитри кафе
1 голема банана
250 милилитри грчки јогурт
1 лажичка ленено семе
2 лажици мед
1/2 лажица цимет
1/4 лажица мускатно оревче
Мраз
Начин на подготовка:
Ако имате силен блендер, мразот слободно ставете го одма. Во спротивно, ставете неколку коцки мраз откако со блендерот убаво ќе ги изматите сите состојки. Можете да декорирате со стапчиња цимет. На здравје кафе!