Утрото го одредува расположението за целиот ден. Поради ова важно е да го поминете на правилен начин. Не секој знае што значи добро утро, а уште повеќе луѓе се сомневаат дека утрото може да биде добро. Тешко е да се верува во добро утро кога страдате од недостаток на спиење и депресивната помисла дека треба да одите на работа.
Кафе, трчање и туширање: Како е најдобро да го започнете денот со партнерот?
Се разбира, навистина е тешко да го започнете денот кога се чувствувате уморно. За да ја избегнете оваа ситуација, потребна ви е саканата личност со која ќе го делите утрото и нештата ќе ви изгледаат подобри.
На возрасната личност ѝ се потребни околу 8 часа сон секоја вечер, и навистина е важно сонот да биде квалитетен. Во спротивно ќе се чувствувате заморно дури и ако си легнете порано. Но не е важно само како спиете. Важно е и како ќе го поминете вашето утро. Овие утрински ритуали се непроменети со години и ќе ви помогнат барем малку да го подобрите вашето утро.
Кафе
Утринското кафе е најважниот утрински ритуал за многу луѓе. Може да биде придружувано со некоја утринска програма, книга или да го пиете на патот кон работа. Иако некои луѓе се убедени дека кафето е навистина штетно, сепак постои причина зошто овој пијалак е корисен наутро.
Кофеинот го блокира аденозинот кој е одговорен за вашата раздразливост. Кафето го стимулира мозокот, ја зголемува енергијата и го подобрува расположението.
Кафето ги зголемува менталните и физичките способности.
Кафето го намалува ризикот од депресија.
Кофеинот им годи на концентрацијата и на вниманието.
Кафето го забрзува вашиот метаболизам со тоа поттикнувајќи го слабеењето. Исто така, истражувачите покажале дека љубителите на кафе поретко настинуваат и имаат помал ризик од прерана смрт.
Нормално, важно е да бидете умерени. Една шолја кафе е добар додаток на појадокот со љубениот.
Трчање
Трчањето не е единствената физичка активност што можете да ја правите со партнерот. Која било кардио вежба е добар начин да го започнете денот. Трчањето можете да го замените со теретана, пливање, возење велосипед или секс. Важно е да го „размрдате“ вашиот кардиоваскуларен систем. Кардио вежбите се корисни за повеќе работи.
Го намалуваат стресот, па ќе се чувствувате релаксирано и среќно.
Ги спречуваат депресијата и анксиозноста.
Ја подобруваат функцијата на мозокот и кардиоваскуларниот систем.
Ја зголемуваат издржливоста.
Ја нормализираат активноста на срцето.
Го забрзуваат метаболизмот.
Покрај тоа, трчањето ќе ве наполни со енергија и ќе ви помогне да се ослободите од проблемите со спиењето.
Ладен туш
По кардио вежбите најдоброто нешто што можете да го направите е да се разладите со туширање. Најдобро е водата да биде навистина студена. За да не предизвикате стрес на вашиот организам, започнете со топла вода и постепено менувајте ја кон студена. Од ладниот туш има неколку придобивки.
Ја зголемува вашата волја и издржливост.
Го зајакнува имунитетот.
Го зголемува нивото на тестостерон.
Го зголемува нивото на енергија и го подобрува расположението.
Го забрзува метаболизмот и го поттикнува слабеењето.
Ја подобрува циркулацијата на крвта.
Ладниот туш наутро е одличен начин да се расположите и да се подготвите за работниот ден.