Кај коронавирусот губењето на чувството за мирис е различно отколку кога имате настинка

Губењето на чувство за мирис е еден од симптомите на коронавирусот, но различно е од тоа кога некој ќе фати лоша настинка или ќе добие грип, велат европските експерти кои ги проучувале искуствата на пациентите. 

Губење на чувство за мирис кај пациенти со Ковид-19 се појавува ненадејно. И обично, носот не е затнат или имаат течење – повеќето луѓе кои имаат коронавирус сè уште можат да дишат слободно.

Друг симптом е губење на чувството за вкус.

Чувството за вкус не изгубено бидејќи пациентот нема чувство за мирис, велат истражувачите. Заболените од коронавирус кои го имаат овој симптом не можат да ја почувствуваат разликата помеѓу горчливото и слаткото. Експертите се сомневаат дека ова се случува затоа што вирусот ги напаѓа нервните клетки кои се директно поврзани со чувството за мирис и вкус.

Главните симптоми на коронавирус се:

  • висока температура
  • континуирано кашлања
  • губење на чувството за мирис и вкус

Секој со овие симптоми треба да се повлече во изолација и да се тестира за коронавирусот. Членовите на семејството кои живеат со лице кое ги има овие симптоми исто така треба да бидат изолирани за да не се шири вирусот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.