четврток, 12 ноември 2026
Најново

Кај уште пет лица во Србија потврден е коронавирус, вкупно 24

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Нови пет случаи со коронавирус во Србија. Министерството за здравство потврди за пет, од 25 тестирања денеска.
„Денеска се тестирани 25 лица, од тоа пет се позитивни. Сите се чувствуваат добро. Четири веќе заминаа дома во изолација, а еден пациент ќе остане на лекување“, соопшти министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар.
Со тоа бројката на заразени со коронавирусот во Србија се искачи на 24 лица. Еден пациент од Кикинда е во тешка ситуација. Другите се во добра здравствена состојба.

Поврзани вести