Кејн сака да потпише нов договор со Тотнем, ризикува кариерата да ја заврши без трофеј

Хари Кејн е напаѓач од светска класа кој уште нема освоено трофеј, а доколку одлучи да продолжи во Тотнем, големи се шансите до крајот на кариерата да не го направи тоа.
 

Синоќа се појавија шпекулации кои велат дека Манчестер јунајтед сака да го ангажира Хари Кејн.

Сега, познатиот новинар од Атлетик, Дејвид Орнстејн тврди дека Кејн е отворен да потпише нов договор со Тотнем со кој ќе остане во клубот и по 2024 година.

Напаѓачот сака да успее со Тотнем, но тешко оди. Тие немаат конкурентен тим за трофеи, тоа добро го знаат Покетино, Мурињо и Конте кои не успеаа да освојат ништо.

Мурињо се пласираше во финале, но доби отказ на неколку дена пред да се одржи. Тоа го покажува губитничкиот менталитет на тимот од Северен Лондон.

Пронајдете не на следниве мрежи: