Кејт Мос, легендарната манекенка, на 50-годишна возраст прошета по пистата во Њујорк како новиот ангел на Викторија Сикрет. Во големото враќање на сцената, таа им се придружи на познатите и ја изненади публиката заедно со ќерката Лила Грејс, која таа вечер дебитираше за контроверзниот бренд.Синоќа Кејт Мос направи неочекуван чекор во кариерата, чекорејќи по пистата како ангел на Викторија Сикрет.Во елегантен црн ансамбл таа заслепуваше во Њујорк, додека нејзината 22-годишна ќерка Лила Грејс Мос Хек прошета како нов модел на брендот. Многумина беа изненадени што Мос неодамна се приклучи на тимот на Викторија Сикрет, со оглед на долгогодишните барања при изборот на модели кои често предизвикуваа контроверзии.Кејт е премногу жешкаТаа се појави цела облечена во тантела, во која јасно се истакнаа нејзините тренирани нозе. Јасно е дека годините немаат врска со неа и дека се уште е премногу жешка и убава. Кејт застана рамо до рамо со нејзините познати колешки, како Ева Херцигова, Карла Бруни, Адријана Лима, Тајра Бенкс, Душен Крос и Алесандра Амбросио, покажувајќи дека нејзината харизма не го изгубила својот сјај. Додека доминираше во црно, нејзината ќерка се претстави во впечатливо розово издание, симболизирајќи една нова генерација во модната индустрија.Лила, често етикетирана како дел од генерацијата „непо“, се најде под лупата на критичарите. Додека некои веруваат дека таа има потенцијал, други тврдат дека нејзиното име ги отвори вратите.Во едно неодамнешно интервју таа откри колку и дава поддршка на нејзината мајка, но и призна дека не добивала посебни совети за одење по пистата.-Мама само ми кажа дека морам да го почувствувам тоа, да го правам инстинктивно – рекла Лила.На почетокот на оваа година, мајка и ќерка заедно ја красеа насловната страница на магазинот Vogue и учествуваа во кампањата на Fendi, покажувајќи колку се поврзани и на професионален план. Додека Кејт Мос чекореше во ритамот на класичниот „I Love Rock ‘n’ Roll“, Ешли Греам ја поддржуваше еволуцијата на брендот од страна.
Пронајдете не на следниве мрежи: