Ким Кардашијан овојпат изненади со друга боја на очите

Ким Кардашијан Вест, на својот Инстаграм профил објавила “селфи”, на кое воопшто не личи на себе.
Позната е по честото менување на бојата на косата, но овојпат одлучила да промени еден друг детаљ на својот изглед, поточно, бојата на очите.
“Меган Фокс, дали си ти?”, се запрашале бројни обожаватели под фотографијата, на која Ким има зелени очи, а навистина сличноста е многу голема. За фотографијата позирала и со кратката црна перика, а се оддалечила и од својот вообичаен “мејкап” изглед, ставила кармин во нијанса како нејзината боја на кожа, а очите ги нагласила само со маскара.

I thought about killing you ?

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on


Изгледа дека за овој изглед модел и бил нејзинит сопруг, Кание Ветс, кој на “Met Gala-та” во 2016-та година, се појавил со светли очи и ја шокирал јавноста со својот изглед, а мораме да забележиме дека Ким, со зелени очи изгледа многу подобро и поприродно од него, иако е непрепознатлива.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.