Ким Кардашијан пристигна дома во неверување, по шокантната средба со Канје Вест

Најпопуларната ријалити ѕвезда во светот, Ким Кардашијан (39) се врати дома откако во Вајоминг за прв пат го посети својот сопруг и претседателски кандидат на САД Канје Вест (43), откако тој имаше нервен слом и пишуваше твитови против своето семејство.

Ким за време за посетата била фотографирана и делува нервозно и расплачено, а се вратила во Лос Анџелес во вторникот попладне, откако неуспешно се обидела да го убеди сопругот да му се укаже медицинска помош.

Кога се симна од авионот, Ким не изгледаше среќна и во еден момент го покри лицето со рака. Канје неодамна и се извини на Ким, откако започна да “пука” врз неговата сопруга и нејзината мајка и ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за да го спаси нивниот брак:

– Би сакал да и се извинам на мојата сопруга Ким за деталите што ги изнесов во јавноста, а се приватна работа. Не ја покрив како што ме покрива таа мене. Ким, сакам да ти кажам дека знам дека те повредив. Те молам прости ми. Благодарам што секогаш бевте таму за мене – заврши Канје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.