Кина воведува санкции за 13 американски воени компании

Кина одлучи да воведе санкции за 13 американски воени компании и нивните раководители, кои ќе стапат на сила денеска, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Санкциите на воените фирми од Соединетите Американски Држави беа воведени како одговор на американската продажба на оружје на Тајван, за која Пекинг рече дека го поткопува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина, се вели во соопштението на Глобал Тајмс.

Меѓу компаниите кои се цел на санкциите се „Teledine Brown Engineering Inc“, „BRINC Drones Inc“ и „Shield AI Inc“, се вели во соопштението на кинеското Министерство.
Во соопштението се наведува дека прашањето за Тајван е „срж на интересите на Кина“ и дека тоа е „црвена линија што не може да се помине во односите на Кина со САД“.

Пронајдете не на следниве мрежи: