Кина го контролира вирусот H7N9

Кинезите се убедени дека можат да го држат под контрола ширење на новиот сој на вирусот на птичјиот грип, изјави во неделата навечер висока кинеска функционерка за здравство откако Светската здравствена организација (СТО – WHO) објави дела последниот месец се регистрирани 21 случај на заразата со вирусот H7N9 кај луѓето што досега не беше познат и за кој нема вакцина а досега починаа според некои кинески медиуми 11 лица.Кинеските здравствени власти објавија дека ги мобилизирале сите потребни сили низ територијата на целата земја за борба против новиот сој, како и дека се под надзор сите оние коишто биле во близок контакт со лицата за коишто е потврдено дека се заразени со споменатиот вирус H7N9.„Убедени сме дека можеме ефикасно да го држиме под контрола ширењето на вирусот H7N9“, изјави за Reuters претседателката на кинеската Државна комисија за здравство и планирање на семејството, Ли Бин, на маргините од состанокот организиран од Светската здравствена организација во Пекинг.Ли не објави детали, меѓутоа таа е највисок позиционираната личност во кинеската државна комисија којашто јавно го коментираше случајот.Во извештајот на СТО објавено во седиштето во Женева, се наведува дека се регистрирани повеќе од 530 блиски контакти со 21 лице заразено со спомнатиот сој на вирус, како и дека нивната ситуација постојано се следи. „Засега немаме никакви докази за пренесување на овој сој на вирусот од еден човек на друг“, се потенцира во соопштението на Светската здравствена огранизација.
МакфаксКинезите се убедени дека можат да го држат под контрола ширење на новиот сој на вирусот на птичјиот грип, изјави во не

Пронајдете не на следниве мрежи: