Кина мора да престане да ѝ помага на Русија во војната против Украина



Кина мора да престане да и помага на Русија во војната против Украина, ако сака да има добри односи со Западот, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оценувајќи дека помошта на Пекинг е „од витално значење“ за руските сили.

Тој истакна дека Кина најмногу и помогнала на Русија со тоа што и обезбедила врвна технологија како што се полупроводници.

„Од вкупната количина на електроника што Русија ја има увезено, 90 се од Кина и се користат за производство на ракети, тенкови и авиони. Кина исто така работи на тоа да и обезбеди на Русија подобрени сателитски можности и снимање“, рече Столтенберг.

Тој оцени дека Кина не може да има добри односи „во двете насоки“.

„Кина вели дека сака добри односи со Западот. Во исто време, Пекинг продолжува да го поттикнува најголемиот вооружен конфликт во Европа од Втората светска војна“, рече Столтенберг.

Тој ги предупреди западните сојузници да не станат зависни од Кина како што беа од Русија.

„Во минатото направивме грешка што станавме зависни од руската нафта и гас. Не смееме да ја повториме таа грешка со Кина. Да бидеме зависни од нејзините пари, суровини, технологии – зависностите нè прават ранливи“, рече Столтенберг. 

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: